За Toshiba

Приказна за успехот на Toshibа
Фасцинантност, иновативност и многу изненадувања

Toshiba Corporation

Се започна пред повеќе од 100 години кога Јапонија како Трнорушка се разбуди од сонот и се впушти во авантурата «индустриализација».

Волшебниот збор беше електрична енергија, па 1899 година од првиот јапонски производител на електрични расветни тела се создаде фабриката под име Tokyo Electric Company.

Некаде во исто време се создде и друг голем јапонски произвдоител на уреди за јака струја, Shibauro Electric Company. 1939 година овие две компании се споија и ја осоноваа To kyo Shiba uro Electric Company – име кое во еден дел од светот стана познато по куќни инсталации, иако надимакот Toshiba не e службено воведен се до 1978 година.

>По 2-рата светска војна jапонската економија бележи силен раст, а со тоа и општеството и индустријата, во согласност со американскиот пример. Не мина долго време и Јапонија ги изработи своите први клима уреди кои се базираа на американските производи, а веќе во текот на педесетите години, со подобрувањата кои ги воведува, се повеќе го свртува вниманието кон себе.

1961-вата година Јапонија го претстави најголемиот во светот сплит клима уред, па со тоа ја превзема улогата на «Иноватор». Следат револуционерни откритија како на пример првиот ротационен клипен компресор (1968) и првиот инвертер 1981-та година.

Во седумдесетите години Toshiba, по создавањето на разгранета мрежа низ Европа, Северна Америка и на Средниот Исток доби статус на мултинационална компанија со разновидна палета на производи и производни погони лоцирани ширум светот.

1978-та година и формално е прифатен називот Toshiba Corporation, а токму во тоа време се представени и првите компресори развиени со помош на компјутери.

Toshiba денес

Toshiba Corporation денес контролира активности на 112 претставништва и компании “ќерки” во околу 40 земји. Широката палета на изработени производи и технологии денес се однесува и може да ги задоволи потребите на речиси секој од нас. Но, без оглед на тоа, Toshiba цврсто се држи за своите корени на електронски магнат ориентиран кон иднината, кој сеуште е гладен за откривање на нови технологии.

Новото поглавје за Toshiba Air Conditioning е оторено кога Toshiba во текот на својата светска експанзија во 1999 година основа мешовито друштво со американскиот гигант Carrier.

Приказна за успехот вредна за почитување, со која секој може да се поистовети, извонредно минато и иднина која ветува уште многу, многу пријатни изненадувања.