TOSHIBA КЛИМА УРЕДИ
Како компанија ориентирана кон иднината, Toshiba изработува производи за приватни и деловни намени, кои завземаат водечко место на пазарот. Притоа најважна е целта да се произведат високо квалитетни и најсовремени клима уреди, и тоа со иновативни технологии во сите подрачја – од софистицирани услуги до наједноставна потрошувачка на струја, од третман на воздухот па се до советувања од страна на стручни лица од Toshiba.
![]() |
![]() |
![]() |
Residential – системи за климатизација за приватна наменаТехниката на климатизација игра главна улога на полето на станбени и индивидуални објекти и допринесува за доброто на населението, а избирањето на најдобриот систем е еден од најважните аспекти при максимализација на учинокот и постигнување на оптимален комфор. Третманот на воздухот, тихата работа на внатрешните единици и едноставната монтажа ги направија Toshiba клима уредите идеални за станбени простори, со уште една битна додадена предност, а тоа е загарантирана максимална заштеда на енергија. |
Light Commercial – системи за климатизација за деловни кориснициМенаџери, доктори, адвокати и други водечки личности секако бараат услуги и структури за своите деловни простори кои ветуваат оптимален приход од инвестицијата. Со сериите на дигитални и супер дигитални инвертори Toshiba е во можност совршено да ја исполни оваа желба. Со предностите кои ги нуди IPDU инверторската техника Toshiba обезбедува оптимално Намалување на Трошоците при Делување, Одржување и Флексибилност. |
Commercial – системи за климатизација за деловни намениVRF-технологијата уште повеќе ја зголемува и онака надмоќната флексибилност и прецизната регулација на типичните сплит ситеми, така да е возможно да се исполнат многу сложени и опсежни инсталациски побарувања во големи деловни згради како што се хотели, болници итн. <br /> |



